недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 64
home Ракомет

Никола Митревски од следната сезона во Порто!

Никола Митревски од следната сезона во Порто!

Веќе извесно е дека Никола Митревски од следната сезона ќе го напушти Еурофарм Пелистер, а очигледно ќе му се исполни желбата да премине во клуб кој ќе настапува во Лигата на шампионите.

Како што дознава Спорт1, Митревски се договорил со најдобриот португалски клуб, Порто. Тимот кој претставуваше сензација во последната, недовршена сезона од Лигата на шампионите, покажал интерес за Митревски по неговата одлична сезона во Еурофарм Пелистер, а македонскиот голман ја одбрал токму таа меѓу понудите од неколку европски клуба.

Порто ќе се натпреварува во ЛШ и следната сезона, иако не како шампион на Португалија, туку само како нејзин претставник. Португалците решија да ја поништат сезоната и да не прогласат победник, само претставници во евро-куповите, без разлика што Порто беше водечки пред прекинот.

ЕУРО 2020

Македонија