четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Ракомет

Никола Митревски имаше импресивен настап, но Порто елиминиран од Алборг

Никола Митревски имаше импресивен настап, но Порто елиминиран од Алборг

Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Митревски бранеше извонредно, но Порто не успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на Шампионите откако го загуби реваншот од Алборг со 27-24.

Португалците имаа идентични „плус три“ од првиот меч, но поради помал број на постигнати голови на гостински терен се елиминирани од елитното европско натпреваљрување.

Македонскиот интернационалец го заврши мечот со 15 успешни интервенции, што сепак се покажа недоволно за Порто да се најде меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

 

Коронавирус