петок, 30. септември 2022. Вести денес: 136
home Ракомет

Никола Карабатиќ проговори за своето потекло

Никола Карабатиќ проговори за своето потекло

Францускиот ракометар Никола Карабатиќ беше особено интересен за новинарите во хрватска поради своето потекло.

„Јас сум Србин и Хрват, имам корени од двете земји и на тоа сум многу горд. Франција е мојата татковина, но ми е драго што влечам корени од просторите на СФРЈ. Хрватска е преубава, ја обожавам“, изјави Карабатиќ.

„Секое лето сум крај Трогир, таму имам куќа. На пријателите им е сон да одат на Тајланд, а јас им велам дека не се нормални бидејќи на час и половина лет од Париз ја имаат најубавата земја на светот“.

Во Хрватска не го сакаат бидејќи безброј пати на големите натпреварувања ја победувал нивната репрезентација, но Карабатиќ ужива огромна почит.

„Тоа е нормално, секако дека се против мене кога играм против нивната земја, но откако мечот ќе заврши, голем број Хрвати сакаат слика или автограм. Ништо не замерувам, знам како се чувствуваат и во тоа не гледам ништо лошо“, заклучи Карабатиќ.

Никола Карабатиќ e роден во Ниш, Србија, во 1984. година. Неговиот татко е Хрват, Бранко Карабатиќ, кој во својата кариера играл за Железничар од Ниш каде ја запознал мајката на Никола и Лука, Радмила, која е Србинка. Тие се преселиле во Франција кога Бранко Карабатиќ добил тренерска работа и поради тоа двајцата браќа денеска настапуваат за француската репрезентација, наместо за Србија или Хрватска, со што ги спасиле од непријатности своите родители.

Коронавирус