вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 90
home Ракомет

Неверојатното ВИДЕО: Радост на Стоилов, солзите на навивачите на Барселона ,Вардар е во финале!

Неверојатното ВИДЕО: Радост на Стоилов, солзите на навивачите на Барселона ,Вардар е во финале!

Вардар е се уште актуелен клупски ракометен шампион на Европа. На денешен ден минатата година црвено-црните ја победија Барселона во Келн и закажаа финале со Веспрем.

Речиси никој не го запишуваше Вардар како можен финалист во Келн лани на Ф4, сепак македонскиот шампион порача, никогаш не го отпишувајте Вардар !

На три минути до крајот 26-26, следуваа победнички моменти за Вардар, Дуарте добива исклучување и црвен картон по стартот врз Криштопанс. Карачиќ поентира, Барселона не користи напад…

Криштопанс постигнува гол, ја најави победата, а капитенот Стоилов ја потврди со гол за 29-27 и пласман во големото финале!