недела, 22. мај 2022. Вести денес: 16
home Ракомет

Ненадиќ се враќа за клучниот меч против Франција

Ненадиќ се враќа за клучниот меч против Франција

Српската репрезентација ќе мора да ја победи Франција, ако сака да го продолжи престојот на Европското првенство 2022.

Добри вести за селекторот Тони Џерона пристигнаа денес. Петар Ненадиќ се опорави од коронавирусот и ќе биде достапен за последниот меч од групната фаза.

Левиот бек ќе го замени Петар Ѓорѓиќ за дуелот кој одлучува дали Србија ќе остане во игра на турнирот во Словачка и Унгарија. Французите победија на воведните два меча, па ќе имаат помал притисок за успех во однос на Србите.

Хрватска, која е главен конкурент на српската репрезентација во борбата за второто место, не се очекува да има проблеми против Украина.

Коронавирус