петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Немавме среќа: Франција е ривалот на ракометарите во баражот за СП

Немавме среќа: Франција е ривалот на ракометарите во баражот за СП

Среќата не им беше наклонета на македонските ракометари на денешната ждрепка за баражот за СП 2021, во кој „црвено-жолтите“ за ривал го добија повеќекратниот европски и светски првак Франција.

Македонија се најде во групата на неносители, очекувано беше да се добие незгоден ривал, но во таборот на нашиот национален тим владееше надеж дека ќе налетаме на Чешка, Австрија или Исланд, како ривали со кои можеме да се надигруваме и да ги совладаме.

Сепак, за противник ја добивме Франција, репрезентација што со години наназад е дел од самиот крем на светскиот ракомет. Французите потфрлија на последниот европски шампионат, во меѓувреме го сменија и селекторот Динар, а во претстојниот бараж ќе бидат предводени од новиот кормилар Жил.

Првите натпревари ќе се играат во периодот 5-7 јуни, а реваншите се закажани за седум дена подоцна.

Коронавирус