недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 104
home Ракомет

Немања Обрадовиќ ново засилување на Еурофарм Пелистер

Немања Обрадовиќ ново засилување на Еурофарм Пелистер

Битолскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер денес го официјализираше трансферот на Немања Обрадовиќ, искусниот лев бек од Србија.

Обрадовиќ доаѓа од ППД Загреб, клуб за кој настапуваше во сезоната 2020/21. 30-годишниот лев бек има огромно искуство од настапите во неколку национални првенства во Европа, а исто така играл со неколку клуба и во Лигата на шампионите.

Овој ракометар ќе го заземе местото ма Марин Вегар, кој заминува на крајот од сезоната, на истек на двегодишниот договор. Новиот ракометар ќе ја дели минутажата со Мандалиниќ и Кукулвски, па на оваа позиција пелистерци одлично ќе бидат покриени за следната сезона.

Пред неполн месец битолскиот клуб го претстави првото засилување за следната сезона, младиот голман Марко Кизиќ, кој дојде од скопски Вардар 1961.

ЕУРО 2020

Македонија