сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Нема само заминувања: Втор ракометар го продолжи договор со Вардар!

Нема само заминувања: Втор ракометар го продолжи договор со Вардар!

Доскорешниот кружен напаѓач на Вардар јуниор, Давид Гашовски, во следната сезона ќе го носи дресот на првиот состав на црвено-црните, откако го продолжи договорот на уште една година.

Ова е второ останува во таборот на вардарци, по тоа на Стефан Крстевски, кој пред извесно време реши да остане во тимот на сѐ уште актуелниот европски шампион. Гашовски минатата сезона одигра неколку средби за првиот тим во СЕХА-лигата, во кои успеа да постигне три погодоци.

Ова е своевидно загревање за новите луѓе кои од 1 јуни ќе го презедат Вардар, на чело со старо-новиот газда Михајло Михајловски, за преговорите со носителите на играта, поточно со тие што сѐ уште немаат најдено нов клуб. Досега црвено-црниот табор го напуштија Павел Атман, Данаис Криштопанс и Сташ Скубе, а од понудените услови од наследниците на Сергеј Самсоненко зависи дали некој од другите ќе тргне по нивни стапки.

ЕУРО 2020

Македонија