петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 134
home Ракомет

Нема повеќе ракомет во Франција: ПСЖ е шампион, Лазаров и Нант втори!

Нема повеќе ракомет во Франција: ПСЖ е шампион, Лазаров и Нант втори!

Французите ја растоварија неизвесноста од грб и прогласија шампион во ракометното првенство. Сезоната се прекинува, иако имаше уште осум кола до крајот, а никој нема приговор за тоа дека ПСЖ е старо-нов шампион.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера имаше говор во кој објави дека вонредната состојба и строгата изолација во Франција ќе продолжи уште еден месец. Тоа им беше сигнал на ракометните власти утрово да се состанат преку онлајн-конференција и заеднички да пресудат дека сезоната е завршена.

За конечна се зема состојбата на табелата кога прекинаа со играње, а според неа, ПСЖ е нов шампион. На осум кола до крајот, тимот предводен од Раул Гонзалес имаше 35 бода, шест повеќе од второпласираниот Нант, за кој игра Кире Лазаров. Тоа значи дека ПСЖ се пласира директно во Лигата на шампионите, која од следната сезона треба да има нов формат, додека Нант, Ним, Монпелје и Тулуз ќе играат во новоформираната Европска лига, која всушност ќе биде замена за досегашниот ЕХФ-куп. Меѓутоа, со оглед на принципот на учество во Лигата на шампионите, стопроцентно сигурна е прогнозата дека Нант на Лазаров ќе бара влез во најпрестижната лига по пат на вајлд-карта.

Никој нема да испадне од француската лига, а бидејќи истите правила од првата лига важат и за втората лига, во идната сезона Сесон како прв и Лимож како втор ќе се пласираат во прва лига и таа ќе брои 16, наместо 14 учесници. Се откажуваат дефинитивно завршниците во Лига-купот и во Купот на Франција.

Локални избори 2021