недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Ракомет

Нема карти за мечот со Грција, од општина Струмица молчат

Нема карти за мечот со Грција, од општина Струмица молчат

Последниот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020, Македонија го игра в недела, 18 часот, во салата „Парк“ во Струмица, кога ја пречекува Грција, но интересно билети за овој дуел во продажба нема.

Ракометната Федерација на Македонија комплетната организација на настанот ја има препуштено на Општина Струмица, како што беше случај и во октомври, кога Битола, како домаќин ја имаше организациската задача. Поради тоа сите прашања одат на адреса на Општина Струмица, која засега не излезе со информација бројните ракометни љубители каде и кога ќе можат да дојдат до билет за натпреварот.

Македонската репрезентација, како и комплетната делегација и новинарите кои беа на првиот меч меѓу овие две селекции во Кожани, имаа навистина коректен дочек, а сега е потребно со иста мера да се возврати, па Струмица ќе мора да се потруди доколку не сака организациски да потфрли.

Како дополнителна причина за да се потрудат е фактот дека машкиот репрезентативен ракомет се враќа во Струмица по пауза од 12 години, односно последен пат Македонија таму играла во 2007 година против Луксембург, исто така во рамки од квалификации за едно ЕП.

Извор: sportmedia.mk