понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 68
home Ракомет

Неагу се сели во Турција?!

Неагу се сели во Турција?!

Една од најдобрите ракометарки на светот, Кристина Неагу според турските медиуми е пред потпис со амбициозната екипа, Кастамону. Раководството на турскиот шампион има големи амбиции за следната сезона, а најверојатно е дека клубот ќе аплицира за вајлд карта за Лигата на шампионите.

Во клубот во новата сезона ќе пристигнат четирите ракометарки од Црна Гора, Јованка Радичевиќ, Мајда Мехмедовиќ, Марина Рајчиќ и Милена Раичевиќ. Романката со дел од црногорските ракометарки играше заедно кога беше дел од Будуќност.

Неагу доколку потпише за Кастамону ќе биде прва опција на позицијата лев бек. Двете ракометарки кои играа на таа позиција во Кастамону, Алена Ихнева и Јулија Ериксон повеќе нема да бидат дел од тимот. Голем број на моќни клубови ја посакуваат Неагу во своите редови.

Репрезентативката на Романија имаше разочарувачка сезона. Нејзиниот ЧСМ Букурешт беше елиминиран во четврт-финалето од Лигата на шампионите, а нејзината репрезентација не обезбеди настап на Олимписките игри во Токио.

Во својата кариера, Неагу не менуваше многу клубови. Беше дел од Плоешти, Брашов, Валчеа, Будуќност, а последните пет сезони ги помина во ЧСМ Букурешт.

ЕУРО 2020

Македонија