Само што пристигна македонската репрезентација на Македонија во Кожани и го одработе единствениот тренинг, во хотелот каде се сместени ракометарите и пред салата во која тренираа се собраа луѓе. Не да протестираат туку да прашаат каде е Лазаров?
Најдобриот стрелец на сите ЕП и СП и во Лигата на шампионите е добро познат во Грција. Сите што дојдоа сакаа да се фотографираат со нашиот капитен. Никому не му сметаше што тој беше облечен во тренерка на која го имаше името Македонија. Поважно беше во телефонот да се има сувенир со еден од најдобрите светки играчи на денешницата.

Македонија утре од 16 часот го игра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година. Нашите момци гостуваат кај Грција. ТВ преносот ќе биде на Телма.

Извор: www.24rakomet.mk