четврток, 30. март 2023. Вести денес: 133
home Ракомет

Не е само Вардар: Короната одложи уште два меча во Лигата на шампионите

Не е само Вардар: Короната одложи уште два меча во Лигата на шампионите

Два натпревари од 3.коло во женската ракометна Лига на шампионите се одложени поради фактот што вирусот корона „влезе“ во двата клуба.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес соопшти дека дуелите меѓу словенечки Крим и дански Есбјерг, и романскиот ЦСМ Букурешт и рускиот Ростов на Дон се одложени до неодреден период.

ЕХФ објави дека целиот тим на Крим е во карантин поради појавата на коронавирусот и затоа не можат да тренираат или да играат натпревари.

Исто така, ЕХФ-А објави дека ситуацијата е иста со рускиот Ростов на Дон, а датумот на овие натпревари ќе биде одреден подоцна.