петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Ракомет

Нашите ракометари ќе ги добијат противниците за СП на 2.јули

Нашите ракометари ќе ги добијат противниците за СП на 2.јули

Македонија го задржува континуитетот со настапи на големите репрезентативни натпреварувања, а следен голем настан на кој ќе игра нашата машка ракометна репрезентација е Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година.

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи на 2. јули а познати се деталите за церемонијата. Во главна улога ќе бидат поранешните ѕвезди Славомир Шмал и Магнус Висландер кои ќе бидат задолжени за извлекувањето.

Градови домаќини во кои ќе се игра Светското првенство ќе бидат Катовице, Краков, Плоцк и Гдањск во Полска. Во Шведска првенството ќе се игра во следите градови, Стокхолм, Јончепинк, Малме, Кристијанштад и Гетеборг.

Ждрепката е закажана на 2 јули.

шешир 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1

шешир 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија

шешир 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3

шешир 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2

Домаќините на СП, Полска и Шведска, веќе распределија дел од репрезентациите што имаат обезбедено мундијалски билет по градовите домаќини.

Шпанија и Норвешка ќе играат во Краков, додека Полска во Катовице. Шведска ќе игра во Гетеборг, додека Данска во Малме. Исланд е домаќин во Јончепинг, Германија во Катовице, додека Хрватска ќе игра во Кристијанштад. Мундијалот во Полска и Шведска ќе се игра од 11 до 29 јануари.

група А (Краков) – Шпанија
група Б (Катовице) – Полска, Франција/Африка 1
група Ц (Гетеборг) – Шведска
група Д (Јончепинг) – Исланд
група Е (Катовице) – Германија
група Ф (Краков) – Норвешка
група Г (Кристијанштад) – Хрватска, Франција/Африка 1
група Х (Малме) – Данска

Коронавирус