петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 151
home Ракомет

Нант доби нов тренер

Нант доби нов тренер

Француски Нант објави дека е постигнат договор со Грегори Кожан кој ќе го води тимот од 2022 година.

Кожан беше дел од Нант во изминатиот период каде имаше двојна функција. Тој беше асистент на Алберто Ентрериос, а исто така работеше и како спортски директор.

Договорот меѓу Кожан и Нант е потпишан од 2022, па во следните две сезони. Овој ракометен работник е дел од клубот од далечната 2005 година.

Коронавирус