недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Најголемиот шведски талент кој беше мета на Вардар замина во Елверум

Најголемиот шведски талент кој беше мета на Вардар замина во Елверум

Ракометните клубови ги формираат ростерите за следната година, а еден од играчите кои преку медиумите се поврзуваше во Вардар, заврши во Норвешка, каде ќе го носи дресот на Елверум.

Се работи за најголемиот шведски ракометен талент, Ерик Јохансон. 20-годишниот лев бек кој пред извесен период се поврзуваше со најтрофејниот македонски клуб, ама тогаш не доби дозвола да замине, потпиша договор со норвешкиот шампион.

Јохансон со голем успех настапуваше за шведскиот тим Гуиф и беше еден од најдобрите ракометари во екипата, а со Елверум потпиша двегодишен договор.

Елверум гради солиден тим и се подготвува за новиот настап во Лигата на шампионите.

ЕУРО 2020

Македонија