петок, 23. јули 2021. Вести денес: 180
home Ракомет

Најдобрите тројца стрелци во Келн ќе играат и на овој Ф4

Најдобрите тројца стрелци во Келн ќе играат и на овој Ф4

Тројцата ракометари кои ги поседуваат позициите на врвот на табелата на досегашните турнири во Келн ќе настапат и годинава така што ќе имаат можност да ги подобрат своите лични постигнувања и да се обидат да донесат некое поместување на првите три позиции.

Веќе е добро познато дека со 65 погодоци лидер е Кирил Лазаров, но тој има сериозна конкуренција во Микел Хансен кој со тимот на ПСЖ ќе игра во првото полуфинале против Алборг. Данецот досега има 60 гола.

Третопласираниот Исланѓанец, Арон Палмарсон со 59 погодоци е трет и тој ќе може исто така да се избори за подобра позиција и пред сè за повеќе голови.

Тоа се првите тројца на листата на Ф4 турнирите и единствените од Топ 10 на завршните турнири во Келн кои ќе играат и на оваа година.

Коронавирус