Ракомет

Најдобриот ракометар на светот го продолжи договорот со Фуксе Берлин до 2029 година

Најдобриот ракометар на светот го продолжи договорот со Фуксе Берлин до 2029 година

Данскиот ракометар Матијас Гидсел  кој ја освои МВП наградата на Светското првенство во ракомет го продолжи договорот со германскиот тим Фуксе Берлин до 2029 година.

Првенствено неговиот договор важеше до 2028 година, но по добрите настапи на светскиот шампионат, бундеслигашот се одлучи да ги подобри условите.

Гидсел игра извонредно и на клупско ниво. Минатата сезона постави нов првенствен рекорд со 260 голови од поле, а во моментот е лидер со 131 постигнат гол на само 16 одиграни натпревари.

To top