понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 69
home Ракомет

Начевски и Николов нема да бидат дел од ракометниот Ф4 во Келн

Начевски и Николов нема да бидат дел од ракометниот Ф4 во Келн

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги делегира судиите за завршницата во машката ракометна Лига на шампиони, а меѓу нив ќе ги нема најдобрите македонски судии, а можеби и во Европа, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Арбиртирите зад себе имаат многу големи настани и огромно меѓународно искуство, но нема да судат на Ф4-турнирот каде ќе играат Барселона, Алборг, ПСЖ и Нант.

На дуелот меѓу Барселона и Нант на Кирил Лазаров ќе судат Куртагиќ и Ветервик од Шведска, додека на второто полуфинале меѓу ПСЖ и Алборг делители на правдата ќе се Лах и Сок од Словачка.

Бронзата ќе ја судат Брунер и Салах од Швајцарија, додека големото финале е за познатата двојка за нас, Хорачек и Новотни од Чешка.

Коронавирус