петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 111
home Ракомет

На германскиот ракометар му ја уништија свадбата, па го „шутнаа“ од ЕП

На германскиот ракометар му ја уништија свадбата, па го „шутнаа“ од ЕП

Има неколку интересни случки со ракометарите на Европското првенство во Хрватска, но на прво место е оној на германскиот репрезентативец Бастијан Рошек.

Изборот на селекторот Кристијан Прокоп тој да настапи на шампионатот беше изненадување за сите, па дури и за самиот Рошек.

Најдобар доказ дека не очекуваше такво нешто е закажаната свадба за 5 јануари, една недела пред почетокот на првенството.

Прокоп го изненади и го повика на подготовките, па Рошек мораше да ја откаже свадбата. Да биде разочарувањето уште поголемо, играчот на Лајпциг настапи на првите два натпревари од еврошампионатот за пред дуелот со Македонија да биде заменет од Лемке и вратен дома без можност да остане во конкуренција за следните натпревари.

Коронавирус