среда, 17. јули 2019. Вести денес: 125
home Ракомет

Мукаетов вети премија за ракометарите ако обезбедат пласман на ЕП 2020- еве за која сума се работи

Мукаетов вети премија за ракометарите ако обезбедат пласман на ЕП 2020- еве за која сума се работи

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов денеска изјави дека машката ракометна репрезентација на Македонија ќе добие премија од 40.000 евра доколку се пласира на првото место во групата, а 30.000 евра доколку избраниците на Данило Брестовац бидат втори.

Македонија е на добар пат да обезбеди пласман на ЕП 2020 година, а на сениорите им требаат две победи за освојување на првото место.

Последен предизвик за репрезентативците ќе бидат средбите против Турција на гостински терен и против Грција во Скопје на 12, односно 16 јуни.