сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Мукаетов : Се откажавте од се за да донесете успех за Македонија

Мукаетов : Се откажавте од се за да донесете успех за Македонија

Нашата женска кадетска репрезентација направи голем успех на ЕХФ шампионатот во Клаипеда (Литванија) каде успеа да го освои првото место.

Македонските девојки одиграа извонреден турнир кој го заокружија со славје во финалето против Исланд. Тие веќе се вратија дома и денеска беа на прием кај првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов.

-Драги лавици би сакал да ве поздрава. Ова кое го направивте во Литванија не направи горди и е голема радост за сите нас. Јас лично би сакал да ви се заблагодарам, ова е преубав почеток на вашите кариери. Ние како федерација ќе помагаме, сите заедно да направиме добро за македонскиот ракомет и македонскиот спорт. Ова што сите заедно го направивте заслужува едно огромно БРАВО. Ние како федерација решивме да ве наградиме со подароци од нашиот спонзор „Ребека“. Тука плус е парична награда од 31.000 денари, затоа што цело лето бевте професионални, се откажавте од одмори и бевте со репрезентацијата за да направите добро дело, нешто многу важно за Македонија, -истакна претседателот Мукаетов.

Освен сите ракометарки парично со по 31.000 денари ќе биде награден и секој член од стручниот штаб.

Коронавирус