понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 93
home Ракомет

Мукаетов: Ракометот најдобар промотор на Македонија

Мукаетов: Ракометот најдобар промотор на Македонија

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов денеска беше дел од форумот “Спортот како економски стимуланс” што се одржа во Загреб.

Првиот човек на македонскиот ракомет заедно со претседателите на УЕФА, Александар Чеферин и ЕХФ, Михаел Видерер беше дел од дискусијата на која се говореше за поврзаноста на спортот и економијата и начините за поврзување на овие два аспекти во модерното живеење.

“Ние сме мала земја од два милиони жители и немаме многу спортски успеси. Би ги издвоил четвртото место на кошаркарите и петтото на ракометарите на Европските првенства. Но, минатата сезона станавме клупски европски прваци преку РК Вардар и европски вицешампиони преку ЖРК Вардар. Така, сега овој наш бренд има свои приврзаници во Мексико, во Аргентина, насекаде низ светот. Наша цел е сите да играат ракомет, па младите категории во Македонија можат да се натпреваруваат бесплатно. Мислам дека преку ракометот може многу полесно да се афирмира нашата земја, а сега заедно со нашите пријатели од Словенија и Црна Гора и заедно да настапуваме во обид да добиеме организација на големите спортски приредби”, истакна на форумот претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Мукаетов.

Коронавирус