понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 70
home Ракомет

Мукаетов ќе остане претседател на РФМ и во следните четири години

Мукаетов ќе остане претседател на РФМ и во следните четири години

На една недела пред одржувањето на Изборното собрание на РФМ, ракометните клубови му дадоа комплетна поддршка на Живко Мукаетов за нов претседателски мандат.

Еден клуб може да подржи само еден кандидат, а сите 54 клубови од македонското првенство кои имаат свои делегати на собранието со право на глас, испратиле писмена поддршка со потпис и печат за Мукаетов.

Тоа значи дека на Изборното собрание на 31 јануари тој ќе биде единствениот кандидат за претседател и изборот ќе биде само формалност за потврда на неговиот нов мандат.

Живко Мукаетов од март 2013 година е на чело на Ракометната федерација на Македонија.

Коронавирус