среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 106
home Ракомет

МОМЕНТ ЗА ИСТОРИЈА: Пред точно две години Вардар го урна ПСЖ и првпат ја освои ЛШ!

МОМЕНТ ЗА ИСТОРИЈА: Пред точно две години Вардар го урна ПСЖ и првпат ја освои ЛШ!

Македонскиот шампион Вардар пред точно две години стана европски првак во ракомет. Во неверојатна драма во „Ланксес арената“ го совлада ПСЖ со 23-24 (12-11) и првпат застана на врвот на стариот континент, подвиг, кој го повтори оваа година.

Штербик блескаше на голот на Вардар, Дибиров постигна шест гола, но целиот колектив одигра фантастично и тоа беше главната причина за огромниот успех на вардарци. Херој на мечот беше хрватското крило, Иван Чупиќ, кој го постигна победничкиот погодок во директниот дуел со Тјери Омејер.

Финалето беше вистинска ракометна рапсодија за избраниците на Раул Гонзалез, кои одиграа перфектна одбрана против еден од најдобрите напади во светот.

Овој незаборавен подвиг на Вардар до раните часови се славеше во Скопје, но и во Келн, каде голем број на спортски работници како и симпатизери на „црвено-црните“ го обоија овој град во црвено-црна боја.

 

Коронавирус