вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 78
home Ракомет

Момчиња како Цветан Кузманоски се причина да се верува во иднината на македонскиот ракомет

Момчиња како Цветан Кузманоски се причина да се верува во иднината на македонскиот ракомет

Поразот од Словенија синоќа во Дебрецин во значителна мерка ги намали шансите на македонската репрезентација за пласман во втората фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка, но не е сè толку црно, особено не ако се гледа на подолги патеки.

Главна подолгорочна цел на подмладената македонска репрезентација е да се направи тим кој ќе игра редовно на големите натпреварувања и се чини дека сме на добар пат. Затоа и во својата изјава по натпреварот, селекторот Кирил Лазаров рече дека е горд и гледаше позитивни работи во поразот.

Осум голови против Словенија на ЕП имаат дадено Кирил Лазаров и Цветан Кузманоски.

Цветан Кузманоски, кој има 22 години, иако дебитант на европските првенства, беше прв стрелец во македонскиот тим, а според официјалната статистика, даде 8 гола од 9 шута, утката му беше удар во пречка. Тој доби доверба и да биде изведувач на седмерците, прикажа самодоверба, емоции и одлично одговори на барањето, беше непогрешлив.

Играчот на Еурофарм Пелистер ја продолжува долгата низа на одлични ракометари кои потекнуваат од славната струшка ракометна школа. Многу играчи од Струга се прославија во дресот на репрезентацијата, а 22-годишниот Цветан може да биде репрезентативец со кого уште долго ќе се гордееме.

Голманот Томовски и Мартин Велковски имаат по 24, Филип Талески и Филип Кузмановски по 25, има тука и други талентирани момци коишто прават Македонија да не треба премногу да се грижи што ќе се случува со ракометот по пензионирањето на Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов.

Коронавирус