недела, 22. мај 2022. Вести денес: 0
home Ракомет

Митревски: Никој на светот нема ваква публика, ви благодарам за поддршката

Митревски: Никој на светот нема ваква публика, ви благодарам за поддршката

Во текот на целиот меч вечрва напите момци ја имаа и тоа како поддршката од популарната „Фаланга“, а голманот Никола Митревски јавно се заблагодари.

Да и се заблагодарам на публиката која што повторно дојде во голем број да не бодри. Не застана на сите три натпревари по 60 минути со својата поддршка, а за вечерва што да се каже. И покрај три порази ваква поддршка, вакви фанови никој нема на светот. Ова покажува дека во еден сегмент сме најдобри. Настапивме без неколкумина стандардни, имавме големи пехови со повреди и позитивни. Факт е дека немаме доволен број квалитетни играчи, и кога еден ќе се повреди тогаш си имаме проблеми. Да не заборавиме дека игравме без Лазаров и без Манасков. Сепак на крајот сметам дека не се посрамотивме туку добивме искуство. Добивме неколку млади деца. Ние не одиме натаму на ова ЕП, но уште сега сме со мислите кон идните натпревари, кон баражите“ заврши Митревски.

Коронавирус