Ракомет најискусниот

Митревски: Со стил се пласиравме на Европското Првенство

Митревски: Со стил се пласиравме на Европското Првенство

Еден од ракометарите со најмногу учества на големите натпреварувања во машкиот национален тим, Никола Митревски, смета дека заслужено патуваме во ЕП и таму ќе има што да кажеме.

„Пред почетокот на овие два натпревари рековме дека сме фаворити и убедливо ги добивме. Со стил се пласиравме на Европското првенство. Благодарност до публиката, која, како и секогаш, беше фантастична. Можеби на почетокот бевме поспори, но по десетина минути ја пробивме почетната криза и игравме како што се договаравме и трениравме и покажавме дека заслужено ја победивме Литванија и се пласиравме на Европското првенство. 

Ниту на првиот, ниту на вториот натпревар не калкулиравме со резултат, туку сакавме да победиме и да покажеме дека сме подобри. Убедени бевме во успех и покажавме дека со право патуваме на Европското првенство и очекувам таму да го покажеме својот збор“, рече нашиот највозрасен ракометар.

To top