среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 25
home Ракомет

Митревски одличен кај Порто, но Кјелце триумфираше на крајот

Митревски одличен кај Порто, но Кјелце триумфираше на крајот

Ракометната екипа на Кјелце забележа победа над Порто  со 32-30 и со триумфот на домашен терен и освоениот полн плен изби на врвот на групата А во Лигата на шампионите.

Тимот на Никола Митревски имаше лошо прво полувреме во кое прими 19 гола, па иако се врати од -8 пред финишот немаше сила за комплетен пресврт.

Кај победникот одличен беше некогашниот вардарец Алекс Душебаев со десет постигнати гола, а го следеше Игор Карачиќ, исто така екс-вардарец со шест постигнати гола. Кај Порто, Соуза запиша шест гола.Македонскиот голман Никола Митревски бранеше на овој меч и забележа вкупно седум интервенции.

Целје на домашен терен минимално беше подобар од хрватски ППД Загреб со 29-28 и со овој пораз „плинарите“ остануваат на дното со осум порази на осум меча. Лидер кај словенечкиот првак беше Шарац со десет гола, а кај Загреб, Хрстиќ имаше шест реализации.

ЕУРО 2020

Македонија