петок, 30. септември 2022. Вести денес: 97
home Ракомет

Митревски: Црна Гора има одлични бекови, но нема да им игра Борозан

Митревски: Црна Гора има одлични бекови, но нема да им игра Борозан

Победата над Словенија е веќе минато, а за македонските ракометари следува новиот предизвик дуелот против Црна Гора.

Голманот Никола Митревски кој на саботниот натпревар против Словенија внесе свежина и со одбраните го најави пресвртот, очекува уште подобра игра на „црвено-жолтите“.

– Дуелот со Словенија е веќе зад нас, а пред нас е натпреварот со Црна Гора. Треба да се претставиме во исто такво светло и со Црна Гора, која евидентно не играше најдобро против Германија. Ќе бидат и дополнително мотивирани. Тие се репрезентација со одлични бекови, иако се ослабени бидејќи нема да им игра Борозан. Јасно е дека и ние треба да бидеме подобри од тоа што го одигравме во саботата, вели Митревски.

Дуелот Македонија – Црна Гора се игра вечерва со почеток во 20:30 часот, а од 18:15 часот почнува првиот дуел од 2.коло меѓу европскиот првак Германија и Словенија.

Коронавирус