четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 92
home Ракомет

„Мислев никогаш нема да бидам европски првак, но тогаш дојде приказната со Вардар“

„Мислев никогаш нема да бидам европски првак, но тогаш дојде приказната со Вардар“

Многу големи ракометни имиња освоиле европска титула, но како одминува времето и спласнуваат емоциите, освојувачките на европските круни во 2017 и 2019 година со Вардар го сфаќаат вистинскиот значај на освојување на европскиот врв со дотогаш анонимен клуб од Македонија.

Дополнителна причина за додадена вредност на тие успеси е начинот на кој пред три години беа поразени Барса и ПСЖ, а минатата година Барса и Веспрем. Шпанскиот интернационалец Жоан Кањељас го издвои успехот од 2017 година како посебен и незаменлив.

„Потешко е да се освои Лигата на шампионите, отколку медал со репрезентацијата. Седум пати играв на „фајнал-фор“, многу пати бев блиску, но титулата никако да ја освојам. Мислев дека никогаш нема да станам европски првак. Тогаш дојде неверојатната приказна со Вардар.

Освоив еден трофеј во Лигата на шампионите, но тој е посебен за мене. Плачев од среќа по финалето во Келн. Иако салата беше полна, се чувствував како да бев сам во тој момент. Тој момент беше посебен”, се сеќава Кањељас.

Ракометарот на ПИК Сегед стана двоен европски шампион со репрезентацијата на Шпанија под водство на селекторот Жорди Рибера.

ЕУРО 2020

Македонија