Ракомет пофални зборови за македонскиот тренер

Мирхол: Лазаров ме изненади позитивно и како тренер!

Мирхол: Лазаров ме изненади позитивно и како тренер!

Легендариот Бјарте Мирхол по дуелот со македонсиот ракометен клуб Алкалоид направи анализа на мечот и случувањата на ефикасната средба која понуди дури 79 гола.

„Најпрво, честитки за мечот. Беше како што очекувавме. Го анализиравме Алкалоид, знаевме дека играат брз ракомет исто како нас. Имавме проблеми во одбраната и да ја сопреме нивната игра. Да се прими 42 гола е многу.“, изјави Мирхол.

Лазаров и Мирхол играа заедно во Веспрем на клупски план, a исто така повеќе пати беа еден против друг и во националните тимови во повеќе наврати.

„Лазаров беше еден од најпаметните играчи, сега одигра доста добра игра игра која добро не изолира. Очекував тактички меч, затоа што тој беше важен и за двата тима. Но, во интернационалниот ракомет има многу промени, видовме дека тој знаеше како да не изолира и не изненади. Беше чест да се игра во Скопје против Лазаров и Алкалоид“, изјави Мирхол.

Реваншот меѓу Алкалоид и Рунар Сандефјорд е на 27 април од 17:00 часот во Норвешка. Таму е назначена двојката Франческо Симоне и Пјетро Монитиљо, а делегат е Хлинир Леифсон од Исланд.

To top