сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Миниминален поразн на РК Вардар во Сегед

Миниминален поразн на РК Вардар во Сегед

Ракометните клубови на ПИК Сегед и Вардар одиграа интересен меч во Лигата на Шампиони ,кој на крајот му припадна за жал на унгарскиот тим со 34-33.

Од почетокот се играше напаѓачки, погодуваа и двете екипи. Вардар во најголем дел од првото полувреме имаше предност, со кој и замина на пауза со 17-19.

На стартот од вториот дел Вардар како да излезе со друг тим. Цели шест минути избраниците на Алушовски беа без гол, па Сегед го сврти резултатот и поведе со 20:19.

Минутите без гол за Вардар ги прекина Стоилов, но потоа повторно следуваа нови овој пат осум во кои Вардар беше без гол.

Во еден момент Сегед имаше четири голови предност 30:26. Вардар успеа да се врати и во последната минута влезе со негатива од еден гол 33:32.

Клучно за поразот можеби беше исклучувањето на Шеваљевиќ. Таа предност Сегед ја искористи и го доби натпреварот со 34:33.

Најефикасни кај Вардар беа Чупиќ со девет гола, Стоилов постигна шест, Јотиќ и Дибиров по пет. Кај Сегед Бодо Ричард постигна седум.

Коронавирус