петок, 26. април 2019. Вести денес: 66
home Ракомет

Милосављев е нај-голман во осминафиналето на ЛШ, а има и една топ-одбрана

Милосављев е нај-голман во осминафиналето на ЛШ, а има и една топ-одбрана

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев, очекувано е избран за најдобар голман на првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.

Вардар убедливо славеше на гостувањето кај ППД Загреб (18-27), а Дејан Милосављев беше еден од јунаците во триумфот, со вкупно 14 одбрани и 45% ефикасност во одбраните.

Заслужено, тој се најде во идеалната „седумка“, во која има уште играчи на Флензбург, Киелце, Рајн Некар Левен и Мотор Запорожје.

Милосављев доби и едно од петте места меѓу најдобрите одбрани на колото во ЛШ.

  • ​Најдобар тим во осминафиналните дуели

Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило: Валур Сигурдсон (Рајн Некар Левен)
Лев бек: Расмус Лауге (Флензбург)
Среден бек: Лука Циндриќ (Киелце)
Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце)
Десно крило Арцем Козакевич (Мотор Запорожје)
Кружен напаѓач: Јаник Колбахер (Рајн Некар Левен)

  • Ова се петте најубави голови во осминафиналето: