понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 64
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Михајловски открива, Вардар ќе има додавка на името

Михајловски открива, Вардар ќе има додавка на името

Вардар ќе мора да претрпи и мала промена на името откако клубот ќе го преземе Михајло Михајловски.

На сегашното име „Вардар“ ќе биде додадена годината на формирање на ракометниот клуб.

„Во последна фаза сме на преземање на клубот од Сергеј Самсоненко, потоа ќе пристапиме кон регистрација на новиот субјект кој ќе има придавка, Вардар 1961. Нашата цел е да изградиме тим кој ќе може со актуелниот кадар да доаѓа до четвртфинале во Лигата на шампионите, можеби и фајнл-фор, силен тим за СЕХА лигата и тим за двојната круна во Македонија“, изјави Михајло Михајловски за „Телма“.

Со ваквиот потег, регистрацијата на нов субјект, Михајловски ќе се заштити од долговите на Самсоненко. Рускиот газда ќе остане должник на играчите кои не се исплатени до крај. Тој има нотарски заверен договор со нив дека до крајот на оваа година ќе им ги даде сите заостанати примања.

Иако се уште се чека формализација на новото раководство, клубот е активен на трансфер пазарот и полека го креира тимот кој треба да го задржи високото ниво на ракомет. Остануваат Дибиров, Стоилов, Чупиќ, Калараш, Дисингер… а се споменуваат и квалитетни засилувања од странство.

Коронавирус