недела, 22. април 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Михајловски: Ќе направиме се СЕХА-лигата да биде поквалитетна

Михајловски: Ќе направиме се СЕХА-лигата да биде поквалитетна

Првиот човек на СЕХА-лигата, Михајло Михајловски на денешната прес-конференција пред последниот натпреварувачки ден во регионалното натпреварување, изрази задоволство што Скопје по втор пат е огранизатор и лигата прераснува во, како што рече, многу сериозно и престижно натпреварување.

За ова му оддаде должна почит на главниот спонзор „Гаспром“, кој помогнал лигата да е на високо ниво, што покажува и фактот дека актуелниот првак во Лигата на шампионите е и шампион во СЕХА-лигата.

– Задоволство е дека втор пат Скопје е домаќин на Ф4. Една од причините е и Вардар, кој е европски првак и екипа што најчесто го освојувала ова натпреварување. Кога почнувавме пред седум години имаше многумина кои не веруваа дека ќе истраеме. Имавме среќа бидејќи во „Гаспром“ најдовме стабилен спонзор, кој помогна лигата да биде таква-каква што е во моментов. Од ЕХФ го споредуваат завршниот Ф4 со завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн, изјави денеска Михајловски.

Михајловски најави и реорганизација во лигата, со цел да биде уште поквалитетна.

– Во СЕХА-лигата имаме од шест до осум екипи кои играат и групна фаза во ЛШ. Сакаме реорганизација да го намалиме бројот на натпревари, но да го зголемиме квалитетот. Ќе направиме сè лигата да биде поквалитетна, но екипите од 20 да имаат на пример 14 средби во сезоната. Ќе измислиме нешто паметно за СЕХА да биде уште поинтересна, рече меѓу другото ппретседателот на СЕХА-лигата.

МИА