сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 82
Во живо

30-та Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

home Ракомет

Михајло Михајловски и Веселин Вујовиќ во акцијата „Купи билет за спас на ФК Вардар“

Михајло Михајловски и Веселин Вујовиќ во акцијата „Купи билет за спас на ФК Вардар“

Претседателот на РК Вардар 1961 Михајло Михајловски одлучи да се вклучи во акцијата за помош на ФК Вардар.

Според информациите Михајловски купил 1.000 билети за спас на ФК Вардар, сега издвојувајќи се како лице кое низ досегашниот тек од акцијата купило најголем број виртуелни билети, донирајќи на тој начин 100.000 денари за опстанок на фудбалскиот клуб.

Во акцијата „Купи билет за спас на ФК Вардар“ се вклучи и миленикот на најверните вардарови навивачи, ракометниот тренер Веселин Вујовиќ

„Има некои луѓе кои се поврзаа со нас и Вардар на ниво незапаметено, кое не познава граници. Секогаш кога ќе се сетиме на моментите поминати заедно, градејќи една приказна која доживеа кулуминација, но и сеуште трае, и ќе трае, емоциите тешко се задржуваат…
Па кога може една ваква легенда да застане рамо до рамо со нас во борбата за ВАРДАР, зошто да не можеме и ние кои сме тука родени, живееме и тука ќе останеме засекогаш со ВАРДАР? Нека ечи сега повторно како некогаш, нека грми, нека ни лазат морници додека го скандираме името на неговото височество: ВУЈО МАЈСТОРЕ !!!“ – напишаа „Комитите“ споделувајќи ја фотографијата на Веселин Вујовиќ.

ЕУРО 2020

Македонија