Металург продолжи со градење на екипа која би можела да им биде поголем ривал на Вардар и Еурофарм Пелистер за местово Лигата на шампиони, откако денеска го потврди второто звучно засилување,
Екипата од Автокоманда вчера го ангажираше Момир Рниќ, а денеска потврди дека потпишале и со Бранко Канкараш, кој пристигнува од тимот на Мешков Брест, а претходно настапуваше во француски Истр, српските тимови Југовиќ, Металопластика и Војводина, како и турски Мерзин.
Металург дефинитивно не мисли тука да застане со засилувања, па најави дека во следниот период ќе се потруди да донесе уште некој квалитетен ракометар.