петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 168
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Ракомет

Металург со Тарабокија и Шилегов го напаѓа Чеховски Медведи

Металург со Тарабокија и Шилегов го напаѓа Чеховски Медведи

Ракометниот клуб Металург се врати во Скопје, и следен предизвик е натпреварот против Чеховски Медведи во рамки на Европската лига на ЕХФ.

Тимот од Автокоманда поради ковид-19 и повреди во Плок играше со само дванаесет ракометари, од кои тројца беа голмани.

Тренерот Димитриоски на располагање на мечот со рускиот тим ќе ги има бекот Тарабокија и крилото Шилегов, кои се враќаат во тимот.

На спротивната страна, Металург се уште нема да може да смета на главниот играч Златко Хорват, на Милан Лазаревски и на Теодор Тодески.

Натпреварот меѓу Металург и Чеховски Медведи се игра в сабота од 18:00 часот. Македонскиот тим досега има едно реми во Европската лига на ЕХФ, на домашен терен против Фајверс, а останатите се порази.

Локални избори 2021