четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Ракомет

Металург со прва победа во Супер- лигата, деби со триумф на Иван Марковски

Металург со прва победа во Супер- лигата, деби со триумф на Иван Марковски

Ракометниот клуб Металург ја забележа првата победа во Супер лигата откако лесно и рутински славеше над Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 36-23.

Ова беше победничко деби на Иван Марковски на клупата на „металурзите“, но триумфот останува во сенка на повредата на Марко Тарабокија, кој настрада при еден шут и дуел во првото полувреме и мораше на носилки да биде изнесен од теренот.

Златко Хорват со девет гола беше прв стрелец на поранешниот првакн на Македонија, Калуѓеровиќ постигна осум, додека на спротивната страна Петровиќ и Павле Атанасијевиќ беа најефикасни кај битолчани со по пет погодоци.

Коронавирус