вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 70
home Ракомет

Металург се врати на победите, Еурофарм Пелистер рутинирано против братскиот тим

Металург се врати на победите, Еурофарм Пелистер рутинирано против братскиот тим

Ракометарите на Металург им се вратија на клупските обврски, а вчера го совладаа скопскиот ривал Тинекс Пролет со 29:31.

Составот од „Автокоманда“ на полувреме водеше со 13:16, а задржа најголем дел од предноста и во продолжението, при што Хорват со 12 голови бил најефикасен на теренот.

Во „братската“ пресметка меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер очекувано славеше фаворитот со 20:38, со што денешните „гости“ остануваат со ист број бодови со Вардар, кој ќе има рутинска задача против Скопје.

Струга го победи Радовиш на домашен терен со 24:20, додека Бутел оствари важен триумф на гостувањето кај РК Прилеп со резултат 23:26. Мајиќ со 7 и Јевтиќ со 6 голови биле најефикасни кај гостите од Скопје кои се зацврстија на третото место на табелата.

Табела: Еурофарм П 33, Вардар 30 (-1), Бутел 27, Еурофарм 2 24, Тиквеш 21, Тинекс Пролет 21

Коронавирус