сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Металург поразен со 10 разлика од Татран во СЕХА лигата

Металург поразен со 10 разлика од Татран во СЕХА лигата

Ракометарите на Металург беа поразени вечерва на гостувањето кај Татран Прешов со 30:20 (16:11) во меч од 17 коло на СЕХА-лигата.

За словачкиот тим ова беше многу важен триумф, откако ја продолжува битката за пласман на „Фајнал фоур“ со Мешков Брест.

Што се однесува до самиот натпревар, тој беше рамноправен во првите 25 минути, додека се играше гол за гол, но Татран во завршницата од првото полувреме „додаде гас“ и замина со +5 предност (16:11). Во второто полувреме разликата се зголемуваше и домаќините немаа проблем да го затворат натпреварот со победа.

Хрстка со седум гола и Буторац со пет беа најпрецизни за домаќините. Кај Металург, Димитриоски и Токиќ реализираа по четири погодоци.

Металург по овој пораз има 10 бода на табелата и сигурно ќе ја заврши сезоната во регионалното натпреварување на претпоследното место, што ќе биде и најлош пласман за тимот од Автокоманда во оваа лига.

Последниот натпревар од СЕХА лигата, момчињата на Данило Брестова ќе го одиграат на 12 март, кога во Скопје доаѓа Војводина.