петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Металург немаше проблеми против Охрид

Металург немаше проблеми против Охрид

Ракометарите на скопски Металург без поголеми проблеми славеа над Охрид со 28-24 во 11. коло од ракометната машка Суперлига.

Домаќините уште во првото полувреме покажаа дека се поквалитетни од противникот, а по 30. минути игра имаа предност од 15-11.

„Металурзите“ во вториот дел успеаја да го исконтролираат резултатот и на крајот да стигнат до конечен триумф од 28-24.

Василије Калуџеровиќ со седум гола беше најефикасен во таборот на победникот, додека пет додаде Златко Хорват. Кај поразените натпреаварот со по четири гола го завршија Денис Тот и Филип Николов.

Коронавирус