понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 22
home Ракомет

Металург без Хорват ќе гостува кај Висла Плок

Металург без Хорват ќе гостува кај Висла Плок

Поради проблеми ао коронавирус и повредени, ракометниот клуб Металург и на ова патување заминува со десеткуван состав.

Така, во Скопје ќе останат искусните Тарабокија , Хорват, Шилегов и Лазаревски.

Патуваат 12 ракометари, но на првата средба стратегот Димитриески нема да може да смета на новото засилување Василије Калуѓеровиќ, кој ќе настапи само на вториот меч.

Во тимот на Металург, покрај искусните Дупјачанец, Маркоски, Ѓорѓески, Рниќ и Поповиќ, се и младите Серафимов, Калуѓеровиќ, Додиќ, Кофилоски и Митиќ, како и кадетите Петковски (16) и Брестовац (16).

Екипата на Висла Плок досега одигра пет средби во групната фаза, има максимален број на освоени бодови .

Првиот натпревар ќе се одигра на 14 февруари, со почеток во 20:45 часот, додека реваншот на распоред е на 16 февруари, во 18:45 часот.

ЕУРО 2020

Македонија