сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 21
home Ракомет

Медиумите во регионот за Стоилов и промената на името: „Македонската легенда полуде, ова не смеевме да го допуштиме“ (ФОТО)

Медиумите во регионот за Стоилов и промената на името: „Македонската легенда полуде, ова не смеевме да го допуштиме“ (ФОТО)

Светското првенство во ракомет е во тек, а Македонија денеска го игра вториот меч против Бахреин.

И додека Македонија ја остваруваше првата победа над Јапонија во петокот, во македонското Собрание беше изгласана промена на името, а тоа ги налути ракометарите, а најмногу Стојанче Стоилов кој јавно искажа револтот.

-Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!

Срам да ни е на сите….

За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!

Овој статус беше повод и за многуте балкански медиуми кои го пренесоа.

Дел од нив е и српскиот „нови магазин“, кој веста ја наслови како: „Стоилов: За мене секогаш ќе биде Македонија“, веста одекна и во хрватските медиуми, па така хрватски „Индекс“ веста ја наслови како: „Македонската легенда полуде“: Не е нормално што попуштаме, ова е Македонија.