среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 137
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Ракомет

Мечот ПСЖ – Вардар во ракометната Лига на шампиони пак е одложен

Мечот ПСЖ – Вардар во ракометната Лига на шампиони пак е одложен

Ракометниот натпреварот помеѓу Пари Сен-Жермен и Вардар 1961, закажан за 9 февруари во рамки на Лигата на шампиони (ЛШ), е одложен и ќе се игра во друг термин, соопшти вечерва македонскиот ракометен првак.

Канцеларијата на ЕХФ го информираше Вардар дека од Француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикции воведени од властите во Париз, што предвидуваат задолжителен двонеделен карантин за сите патници надвор од Европската унија.

„Новите правила се на сила до неодреден датум и поради тоа нема шанси да се одигра натпреварот од Лигата на шампионите во Франција. Европската ракометна федерација и клубовите ќе се договорат за нов можен датум за одигрување на натпреварот“, соопшти македонскиот ракометен шампион.

ЕУРО 2020

Македонија