сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 90
home Ракомет

Мечот помеѓу Еурофарм Пелистер и германски Рајн Некар Левен е одложен

Мечот помеѓу Еурофарм Пелистер и германски Рајн Некар Левен е одложен

Европската ракометна федерација го одложи мечот помеѓу Еурофарм Пелистер и германски Рајн Некар Левен кој требаше да се одигра во Битола.

Причината за тоа е што бундеслигашот не може да допатува во Битола, а притоа целосно да ги испочитува мерките за заштита во ковид-криза донесени од германската влада.
„Лавовите“ мораа во рок од 48 часа да пристигнат во Македонија со негативен ковид-тест, да го одигра натпреварот и да се вратат дома.

Ова во моментов е невозможно, па РНЛ побара одложување на дуелот и за тоа доби зелено светло од ЕХФ, а и  од таборот на „фармецевтите“ ја прифатија оваа одлука.

Коронавирус