четврток, 22. април 2021. Вести денес: 112
home Ракомет

Мартин Велковски: Максимално треба да се подготвиме за мечот со Данска

Мартин Велковски: Максимално треба да се подготвиме за мечот со Данска

Ракометарот на Еурофарм Пелистер Мартин Велковски, се најде и на списокот на новиот селектор Кирил Лазаров.

Велковски изјави дека на ред се два тешки меча со актуелниот светски првак Данска

„Пред се, би сакал да му посакам среќа и многу успех на новиот селектор Кирил Лазаров и воедно на репрезентацијата во овој изменет состав. Не чекаат два тешки натпревари со светскиот шампион Данска. Немаме многу време, мислам дека до понеделник ќе бидеме комплетни и ќе треба максимално тие неколку тренинзи да ги искористиме за воигрувања и воедно остварување на новите идеи на селекторот. Сигурно ќе се бара повеќе концентрација од сите што сме тука, ќе има и промени во играта“, изјави Велковски.

Коронавирус