среда, 23. септември 2020. Вести денес: 86
home Ракомет

Манасков ќе игра за пехарот во СЕХА, Веспрем предобар за Мешков Брест

Манасков ќе игра за пехарот во СЕХА, Веспрем предобар за Мешков Брест
Velux EHF Champions League - Final 4 2019, HC Veszprem vs PGE Vive Kielce in LanXess Arena, Keln, Keln 01.06.2019. Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Веспрем е првиот финалист на завршниот турнир во СЕХА-лигата, што се одржува во Задар. Унгарскиот гигант, за кој настапува македонското крило, Дејан Манасков, во првото полуфинале го совлада Мешков Брест во доминантно второ полувреме.

Веспрем го надигра Мешков Брест со 28-24 и, веројатно, поубедливо од што открива резултатот обезбеди четврто финале во регионалната лига. Убедливо, затоа што во вторите 30 минути Белорусите ни одблизу не можеа да му парираат на Веспрем во никој елемент од играта.

Дејан Манасков и соиграчите дури влегоа со негатива во второто полувреме, со 12-13, но бргу направија серија од 4-1 и воспоставија константно водство. Во завршните 10 минути дојдоа и до максимални шест позитива (27-21) од кои Мешков не знаеше да се врати.

Клучна фигура беше голманот Родриго Коралес, кој натпреварот го заврши со 15 одбрани, но не смее да се занемари и течниот напад на Веспрем, во кој предничеа Ненадиќ и Маргуч со по шест и Нилсон со пет.

Мешков, од друга страна, само во првиот дел прикажа издание вредно за пофалба, со добар Скубе и Шкурински, со солиден Пешиќ на голот и поради тоа со тесно, но константно водство, во еден момент и со 11-9. Шкурински заврши со шест, Паниќ со пет гола, а Пешиќ имаше осум интервенции. Ова е 18-та победа едноподруго за Веспрем во дуелите со Мешков Брест, за четврти пласман во финалето, каде што в недела со подобриот од Вардар – Загреб ќе ја брка третата СЕХА-титула.

Коронавирус