среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 178
home Ракомет

Манасков игра блескава сезона, со 60 гола е трет најдобар стрелец во Веспрем

Манасков игра блескава сезона, со 60 гола е трет најдобар стрелец во Веспрем

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков прикажува одлични игри во екипата на Веспрем.

Во последната победа над Спартак Москва во 7. коло од регионалната СЕХА лига, левото крило на унгарскиот претставник постигна десет погодоци од 11 обиди. Тоа го однесе на третата позиција на листата најдобри стрелци меѓу соиграчите во тековната сезона.

На врвот со 69 гола е Мануел Штрлек, а потоа следува Драган Гајиќ со 61 реализација. Манасков има еден помалку од Словенецот, а пет повеќе од кружниот напаѓач Андреас Нилсон.